Путин: Човекот со чудна фризура ѝ забрани на Украина да склучи мир
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека ѝ забранил на Украина да договори мир.
– Политиката е вештина на компромис, Русија секогаш била подготвена на преговори – посочи Путин.
Тој тврди дека во 2022 година бил постигнат договор со Киев, но „човекот со чудна фризура“, како што го нарекува поранешниот британски премиер Борис Џонсон, ѝ забранил на Украина да потпише мировен договор.
Путин на прес-конференцијата изрази подготвеност да се сретне со новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, кој најави дека бргу ќе стави крај на војната во Украина.
– Не знам кога ќе се сретнам со Трамп. Тој не зборува ништо за тоа. Со него не сум разговарал четири години. Секако дека сум подготвен. Кога било – посочи Путин