Саудијците ја предупредиле Германија за напаѓачот кој предизвика смрт во Магдебург
Мажот, чие име се уште не е официјално објавено, кој синоќа удри во толпа луѓе на божиќниот базар во германскиот град Магдебург, по професија е лекар кој на социјалните мрежи се залагал за борба против исламизмот.
Според моментално достапните информации, напаѓачот е 50-годишен специјалист по психијатрија и психотерапија, по потекло од Саудиска Арабија, пишува германски Билд.
Локалните медиуми нагласуваат дека сѐ уште не е познат мотивот на напаѓачот и дека тој на германските власти не им бил познат како исламист.
Неименуван саудиски извор за Ројтерс изјавил дека Саудиска Арабија ги предупредила германските власти за можниот напаѓач, кој според изворот објавил екстремистички ставови на мрежата Х.
Истиот извор го идентификуваше осомничениот како Талеб Абдул Џавад.
Германскиот Der Spiegel го идентификува Талеб А. како симпатизер на екстремно десничарската партија Германска Алтернатива за Германија. Весникот не го наведува изворот на оваа информација.
Тој дошол во Германија во 2006 година и оттогаш живеел во Бернбург, на околу 50 километри јужно од Магдебург.
Осомничениот, кој има дозвола за постојан престој, доби статус на бегалец во Германија во 2016 година, наведувајќи го стравот за неговата безбедност поради неговите атеистички ставови и критиките на исламот. (Фокус)