Бајден одобри пакет воена помош за Тајван од 571 милион долари

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет воена помош за Тајван во вредност од 571 милион долари, објави Белата куќа.

epa11244946 US President Joe Biden delivers remarks on the collapse of the Francis Scott Key Bridge in Baltimore, from the Roosevelt Room of the White House in Washington, DC, USA, 26 March 2024. EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Во соопштението на Белата куќа се вели дека Бајден го овластил американскиот државен секретар „да побара 571 милион долари од Министерството за одбрана за воена опрема и услуги, како и воена обука и подготовка за давање поддршка на Тајван“. Во соопштението не се дадени повеќе детали.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на Тајван на одбранбени системи за команда, контрола, комуникации и компјутерска модернизација во вредност од 265 милиони долари долари, соопшти  Пентагон.

Back to top button
Close