Заврши распитот на градоначалникот на Кочани – Папазов кој од несреќата се крие од граѓаните засега не е осомничен

Вчера доцна навечер заврши распитот на градоначалникот на Кочани Папазов. Неговиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информираат од Основното јавно обвинителство.

За сега тој не е осомничен. Папазов вчера поднесе оставка од функцијата градоначалник.

Премиерот Мицковски и министерот Тошковски на прес конференциите што ги имаат по несреќата се ставија во одбрана на градоначалникот кој им е сопартиец од новинарите и јавноста за вината како татко на градот и дека неможе 4 години да незнае што му се случувало пред очи и не презел ништо да не дојде до катастрофата во градот на чие чело е.

Вчера граганите на Кочево на протестите кои заради нивниот гнев беа и со инциденти ја каменуаа неговата куќа и бараа да излезе пред граѓанитенаместо што се крие од кога се случи трагедијата. Неговата оставка дадена преку неговиот фејсбук профил за Кочанчани не е доволна и бараат да се соочи со граѓаните но тој не  собра храброст да се појави пред граѓаните.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close