Трамп: Многу брзо целосен прекин на огнот во Украина, потоа договор за територијална поделба

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „многу брзо“ да се договори за целосен прекин на огнот во Украина, објави Си-Ен-Ен.

Во изјавата за новинарите денеска во Овалната соба, Трамп рече дека по прекинот на огнот ќе следи „договор“ за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.

-Во моментов се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата. За тоа се преговара токму сега, додека зборуваме овде, рече Трамп, кој разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела.

Back to top button
Close