Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција

Американскиот државен секретар Марко Рубио му изразил загриженост на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во врска со апсењата и протестите во Турција во последните денови, објави американскиот Стејт департмент.

Британските медиуми пренесуваат дека на средбата со Фидан во Вашингтон, Рубио „го нотираше неодамнешниот напредок во билатералната трговија и го охрабри натамошното посилно економско партнерство“, рече портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.

 

„Државниот секретар се сретна со турскиот колега на разговори за соработката за клучните безбедносни и трговски прашања. Рубио побара поддршка од Турција за воспоставување мир во Украина и Јужен Кавказ. Тој високо ја оцени водечката улога на Турција во Глобалната коалиција за поразување на ИСИЛ (групата Исламска држава) и повторно ја нагласи потребата од блиска соработка за поддршка на стабилна, обединета и мирна Сирија, која нема да биде ниту база за меѓународниот тероризам, ниту пат за дестабилизирачки дејствија од страна на Иран“, се наведува во соопштението на Стејт департментот

Back to top button
Close