Додик се сретна со Нетанјаху

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Додик разговараше со Нетанјаху, кој е говорник на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, на која присуствува и претседателот на Република Српска, пренесува РТРС.

Претходно на конференцијата Додик зборуваше за пораките за поддршка од Република Српска за Израел и рече дека високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит се обидел да го спречи неговото доаѓање на конференцијата.

„Но, еве ме, тука сум. Еве ме меѓу моите израелски пријатели со кои разговарам за сè, тие го знаат тоа. Овде има многу луѓе од САД кои се блиски до американската администрација. Кога ќе им кажеме нешто за сè што се случува, тие не можат да го разберат тоа и да веруваат во тоа“, рече Додик.

Back to top button
Close