Голем пожар во складиште за отпад во Париз, граѓаните предупредени за ширење на опасен чад
Големиот пожар што избувна синоќа во Париз, во Центарот за селектирање и третман на отпад, сега е ставен под контрола, а на терен се уште се околу 80 пожарникари, соопшти париската противпожарна служба.
„Пожарот најверојатно избувнал во складиштето за весници и хартија“, изјавил Џофрој Булард, градоначалник на 17-тиот арондисман, каде што избувнал пожарот, пренесува BFM TV.
Подрачјето е се уште непристапно, а пријавена е само една „многу лесна“ повреда, а во неа е вклучен еден вработен, се вели во изјавата на пожарникарот, пренесува телевизијата