Вашингтон пост“: Голема парада по повод 250 годишнината од американската армија и роденденот на Трамп

Во американската престолнина се планира голема воена парада по повод 250-годишнината од формирањето на Армијата на САД. Парадата ќе се одржи на 14 јуни, датум што се совпаѓа со роденденот на претседателот Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“.

Според весникот, плановите за големата прослава со жива музика, огномети, приземјување на падобранци и воена парада, сè уште се подготвуваат.

Според формуларот поднесен на 31 март до Службата за национални паркови од  невладината рганизација America250.org, парадата ќе биде „посветена на историјата на Армијата на САД, како и на одредени видови воена техника“.

Се наведува дека парадното дефиле ќе започне од зградата на Пентагон, ќе ја премине реката Потомак и ќе се движи од Меморијалот на Линколн до Споменикот на Џорџ Вашингтон во близина на зградата на Капитол.

Висок функционер од Белата куќа изјави дека постои можност јунскиот настан да се претвори во воена парада, но дека „Белата куќа разгледува многу идеи, но многу не се реализираат“.

Изданието „Хил“ претходно објави дека Трамп сака да организира воена парада на својот роденден, кој се совпаѓа со 250-годишнината од создавањето на американските копнени сили. Се укажува дека Трамп првпат посакал таква парада во 2018 година, откако бил импресиониран од прославите во Франција по повод Денот на Бастиља

Back to top button
Close