Две лица уапсени за експлозијата на 26 април во иранско пристаниште
Иранските власти денеска објавија две апсења по неодамнешната голема експлозија во пристанишен комплекс во јужен Иран.
-Две лица се приведени во врска со инцидентот на 26 април, објави Голам-Хосеин Мохсени Еџеи, шеф на иранското правосудство, објавија иранските медиуми. Засега, идентитетот на осомничените и обвиненијата против нив остануваат нејасни.
Мохсени Еџеи додаде дека веќе е исплатена отштета на многу луѓе кои ги загубија животите во експлозијата.
Експлозијата, во која загинаа најмалку 70 лица, а повеќе од 1.000 беа повредени, се случи во пристаништето Шахид Раџаи во близина на крајбрежната метропола Бандар Абас. Силата на детонацијата и пожарот што произлезе од неа, исто така, предизвикаа значителна штета.
Според првичните извештаи, експлозијата била предизвикана од недоволни безбедносни мерки, а не од саботажа, како што се сомневаше.