Сирија им даде 10-дневен рок на малите вооружени групи да се приклучат кон Министерството за одбрана
Сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра ги повика малите вооружени групи кои сè уште не се приклучиле кон безбедносниот апарат да го сторат тоа во рок од 10 дена или ќе се соочат со последици.
Британските медиуми јавуваат дека министерот не прецизираше какви мерки ќе бидат преземени, а во соопштението објавено доцна синоќа се наведува дека „воените единици“ сега се интегрирани во „унифицирана институционална рамка“, нарекувајќи го тоа „големо достигнување“.
Спојувањето на малите вооружени групи со сириското Министерство за одбрана треба да се спроведе како дел од консолидацијата на државната власт, шест месеци откако сирискиот претседател Башар ал-Асад беше соборен од власта.
Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела се сретна со привремениот сириски претседател Ахмад ал-Шара во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, и најави укинување на санкциите против Сирија.