Најдобриот стрелец на Евролигата ќе го облече „црно-белиот“ дрес

Најдобриот стрелец од ланската сезона во Евролигата Карсен Едвардс го напушта тимот на Баерн и во новата сезона ќе го облече „црно-белиот“ дрес на екипата од Болоња, Виртус. Иако имаше најави дека е можно останување на Едвардс во Минхен, тој сепак се реши да ја смени средината и да продолжи да игра за тим од Италија.

Едвардс на 35 натпревари во Евролигата имаше просек на постигнати поени – 20.4.

Екипата на Виртус во новата сезона има амбиции за подобар пласман ако се знае дека покрај Едвардс, ги ангажираше Лука Вилдоса и Ален Смаилагиќ.

Back to top button
Close