УЕФА одлучи: Кристал Палас ќе игра Конференциска лига
Европската фудбалска федерација кончено донесе одлука за настапот на премиерлигашот Кристал Палас во еврокуповите. Освојувачот на ФА купот нема да биде дел од Лига Европа на УЕФА. Причината е затоа што сопственикот на клубот е истовремено и сопственик на Олимпик Лион, кој е истотака учесник во ова натпреварување.
Според прописите на УЕФА не е дозволено во исто натпреварување да има два клуба кои имаат ист сопственик, па според тоа Кристал Палас мораше да биде префрлен во Конференциската лига на УЕФА.
Местото на Англија во Лигата Европа на Кристал Палас ќе го пополни Нотигнем Форест.