Обвинителството ќе се жали за куќниот притвор на напаѓачот на Арсовска, бараат притвор во ,,Шутка”

Од скопското обвинителство информираат дека ќе се жалат на одлуката на судија на претходна постапка да му одреди куќен притвор на напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска. Обвинителството бараше да му се одреди ефективен притвот, а тој доби куќен.

-За првиот осомничен судот определи мерка куќен притвор. Обвинителството не е задоволно од ваквата одлука и ќе вложи жалба, барајќи ефективен притвор поради наведените ризици во првичното барање. Во однос на вториот осомничен, предложените мерки на претпазливост се прифатени и определени, информираа од скопското обвинителство.

Двајцата осомничени се гонат за кривичното дело ,,Насилство”.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close