Костовски до Таравари: Луѓе како вас ѝ требаат на оваа држава. Не дозволувајте национализмот да ве убие како човек

Алијансата за Албанците: Никогаш нема да прифатиме Албанците да бидат граѓани од втор ред

https://nezavisen.mk/alijansata-za-albancite-nikogash-nema-da-prifatime-albancite-da-bidat-gragjani-od-vtor-red/

Почитуван Господине Таравари,

Ве почитувам, и како лекар и како семеен човек. Имате висок респект од мене и многумина како мене Македонци, кои што тежнеат да изградат вистинска мулти-етничка држава во која професионалноста е над национализмот, а знаењето и искуствата над сите тесногради партиски интереси, а во функции на државни интереси.

Не ви доликува, како висок интелектуалец и Албанец да создавате меѓуетничка тензија сметајќи дека вие Албанците сте третирани како граѓани од втор ред. Повторувам и Вие и сите Албанци сте мои Албанци во Македонија. Мојата лична перцепција е дека не постојат луѓе кои може да се поделат на луѓе од прв, втор или трет ред, туку на луѓе и нелуѓе.

 

Со вистински луѓе се гради заедничка иднина со сите етнички заедници во нашата држава. НЕЛУЃЕТО создаваат меѓуетнички тензии и омраза. Не ви доликува господине Таравари! Мои пријатели Македонци ми кажувале дека заеднички сте растеле во Гостивар и недолично е да правите меѓуетнички поделби. Бидете мудар. Направите исчекор. Наместо да се борите само за албанската кауза во Македонија, треба да се борите за севкупната македонска кауза за граѓаните од сите етникуми кои што живеат во една иста татковината.

Луѓе како вас ѝ требаат на оваа држава. Не дозволувајте национализмот да ве убие како човек.

Трифун Костовски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close