Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Илјадници луѓе синоќа се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан на концертот „Милост за светот“, моќен музички настан посветен на промоција на мирот, единството и духовната рефлексија под сенката на базиликата „Свети Петар“.

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години.

Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата на К-поп БамБам и хип-хоп дуото „Клипс“.

Претходните два дена, светски лидери, добитници на Нобелова награда и активисти од целиот свет учествуваа на тематски тркалезни маси во Ватикан, каде дискутираа за глобалните предизвици и можностите за поттикнување на поголемо единство. ссм

Back to top button
Close