Ал Тани: Израел со нападот врз Доха се обиде да ги прекине преговорите за примирје во Појасот Газа


Емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, на отворањето на арапско-исламскиот самит, изјави дека Израел, со минатонеделното бомбардирање на зграда во Доха со цел да ги елиминира претставниците на Хамас, се обидел да ги прекине преговорите за примирје во Појасот Газа.

– Секој што упорно и методично работи за да ја убие страната со која преговара, има намера да ги прекине преговорите, посочи ал Тани.

Од Самитот во Доха се очекува осуда за израелското бомбардирањето на зграда во главниот град на Катар, со цел да ги елиминира лидерите на палестинското движење Хамас, но уби пет високи функционери на Хамас и еден член на катарските безбедносни сили.

Нападот предизвика широка осуда, вклучително и од богатите монархии од Персиски Залив, сојузници на САД.

Back to top button
Close