Најздравата конзервирана храна која многумина ја потценуваат

Иако процесот на стерилизација може да доведе до значителен губиток на одредени нутриенти, конзервираната храна може да се чува со години без опасност од микроорганизми.

Според нутриционистката д-р Џес Кординг, најздравата конзервирана храна се сардините во конзерва, како и другата конзервирана риба. Тие се достапен извор на протеини, одржливи се и не бараат долга подготовка или термичка обработка.

„Конзервираните сардни обично содржат помалку живa од многу други видови риба и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено кога свежата риба не е достапна“, вели Кординг.

Освен висок внес на протеини, сардините обезбедуваат витамин Д и противвоспалителни омега-3 масни киселини, додека маслиновото масло во конзервите внесува мононезаситени масти кои се добри за срцето.

Како да се јадат сардините?

Здравствените препораки советуваат две до три порции риба со ниска содржинa на жива неделно. Кординг советува да се комбинираат со тестенини, или крекери како закуска. Таа додава дека најмногу ги сака исчистени и додадени директно во салата, но постојат многу други начини за вклучување на конзервираните сардини во исхраната.

Back to top button
Close