Државен удар против Додик!
Мерсел Биљали
Долгогодишниот формален и неформален лидер на Србите во БиХ Милорад Додик веќе не е ништо. Почна како прозападен кохезивен политичар, а заврши како проруски отпадник. Тој ја третирал Република Српска како своја приватна држава и речиси да нема сектор во кој неговите компании на овој или оној начин не биле мешани во матни зделки. Затоа, тој доби строги санкции од САД и Велика Британија – во форма на строга црна листа. Ама Додик се сврте кон Путин, велејќи им на Американците и Британците: „Врзете ги тие санкции за опашката на мачката“!Вистина е иешко да се пронајде толкава количина нормалност што би ја исправила неговата абнормалност. Неговото богатство се преценува на повеќе стотина милиона евра. А пред тоа бил обичен „голтар“ велат познавачите. Продавал цигари „Ронхил“, па затоа и го доби прекарот „Мило-Ронхил“. А сега поседува огромен имот во Лакташи, станови насекаде, огромна семејна куќа и голема вила во елитното Дедиње во Белград. Кога човек ќе се збогати, почнува мозокот да го носи во џеб.
Додик случајно стана лидер на Србите во БиХ. Имено додека Милошевиќ бил под притисок на САД за да ги отстрани тогашните босанско-српски политичари кои веќе носеле етикети „воени злосторници“ (Караџиќ, Плавшиќ, Младиќ), се појави „социјалдемократот“ Додик како „американски играч“! За да докаже лојалност тој великодушно му ја отстапил територијата на Република Српска на „НАТО-агресорот“ како платформа за разузнавачки операции против Белград. Исто така го отстранил од Република Српска отровниот „Динар – Топчидер“ на Милошевиќ од платниот систем на „неговиот ентитет“, со што го прекинал финансискиот крвоток на Србија. Тој ги спречи Србите од оваа страна на Дрина, кои се уште беа жешки за војна, да се солидаризираат со своите браќа од соседството во одбрана на српството.
Но, по војната ја смени траката и почна да се залага за отцепување од БиХ и за придружување кон Србија. Перманентно се заканувал на БиХ, нарекувајќи ја „вештачка дејтонска творевина“! Стана брутален и вулгарен и во однос на Германија, Велика Британија и САД, а се врза за Русија, Србија и Унгарија. Претендирал во таков „ѓаволски танц“ да ја вовлече и Македонија! За човек кој брзо се збогатува, животот се претвора или во комедија или во трагедија. Одбивајќи да ја напушти својата функција и покрај тоа што доби политичка забрана од надлежни институции, тој продолжи да патува во странство и да бара дополнителни претседателски овластувања. Без протокол, седеше каде што сакаше. Еднаш отпатува во Израел без покана за важен меѓународен настан и, спротивно на протоколот, седна до израелскиот претседател Нетанјаху. Штом службените лица го забележале, го отстраниле и го протерале од земјата. Секогаш кога глупоста води, срамот неизбежно следи.
Уличарски навреди!
Велат дека за него не важеле законите на БиХ и на Република Српска! Цело време, во најбрутална форма, ги навредувал Бошњаците и институциите на БиХ, а воедно редовно ги следел судските постапки! Пред некој ден пак груба навреда: “Нивната вера, култура и нација ја помножувам со нула. Тие се ништо“! Централната изборна комисија на БиХ донесе одлука да го прекине мандатот на Додик како претседател на Република Српска, откако Апелациониот суд на БиХ ја потврди првостепената пресуда, со која тој беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради неспроведување на одлуките на високиот претставник. Иако безброј пати тој повтори дека не го признава „неуставниот суд“ на БиХ, и дека нема да ги признае пресудите од тој суд, Додик сепак ја плати казната од 36.500 марки за да избегне одење во затвор.
Перманентно ги навредуваше Европејците, нарекувајќи ги „смрдливи Европејци“, „ебени Германци“, „мртва Европа“… Такви „бисери“ слушнавме и овде во Скопје пред врвни овдешни функционери. Штом не се пазиме од будали, тие од нас ќе направат такви како нив. Често се среќавал со Путин во Москва, иако и тој го сметал за чудак, но сепак ќе го пречекаше за свои цели. Веројатно помислил дека од магаре може да направи Тројанки коњ! Во една прилика, кога Додик тргна да го прегрне, тој дрско го одбил.
Но, секоја среќа кратко трае. Среќата е првиот сосед на несреќата! Често, токму таму кај што спие надежта, будно чека несреќата! Од САД стасал „катил ферман“ со име и презиме на Додик, од страна на државниот секретар Марко Рубио: „Дејствијата на претседателот на Република Српска Милорад Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“. И ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон против вакво „опасно и дестабилизирачко однесување“.
Што се има случено, само Трамп и Рубин знаат, но „железното единство“ на босанските срби се разби како нежно кинеско стакло. Тој беше предаден дури и од тие кои најмногу го бранеа, како што е Жељка Цвијановиќ (член на Претседателството на Босна и Херцеговина), и Ненад Стефнадиќ председател на собранието на РС. Омилената песна на Додик „Јачи смо од судбине“ се претвори во жалопојка за неговата тажна судбина која тек ќе ја видиме. Сега РС има нова претседател (в.д) – Ана Тришиќ-Бабиќ, која некои ја сметаат за „лобист на НАТО“. Тaa долги години работела и за УСАИД.
ВМРО и сè е можно!
И Мицковски направи кардинална грешка мешајќи се за зли партиски цели во некои општини со албанско мнозинство во земјата. Во нормални услови тоа е сосема нормално, ама ние сме далеку од нормалнoст. Мицковското „нормално“ за аранжирање избори за ненормални намери е тотално ненормално“. За ненормални услови за кои најмногу допринел самиот премиер подолг период ќе нема место за нормалност. И така нормалноста подолг период тука е нешто туѓо. Овде е доминантно мислење дека подобро е да плачеш во својата мала колиба отколку да пееш во туѓа огромна куќа. Веројатно така тоа се чувствува и од поддржувачите на Влен. Тоа особено не требаше да го прави ВМРО на Мицковски која на власт дојде користејќи (нео)фашистички слогани „за враќање на Македонија на Македонците“! Тоа е ептен голем грев.
Авторот на оваа колумна со години жестоко ја критикувал власта на ДУИ (и со ВМРО и со СДСМ), особено за тешката партизација, за недостаток на мерит-систем, за немање економска визија, за психолошка деморализација, кои се базични услови за страрт кон подоброто. Но, ако политиката во сферата на меѓуетничките односи ја правите дневнополитички со цел наметнување на односи врз база на вазализам и полтронизам, тогаш тоа е крајно самоубивствено за државата. Не се гради куќа среде река, бидејќи секогаш има обилни дождови. Тогаш или се сомневате во можното, или верувате во невозможното. Апсурдно е албанската заедница да биде претставена во извршната власт со само седум пратеници, освен ако се сомневате во можното, а верувате во невозможното. Ако постојано гледаме наназад, веројатно ќе ја изгубиме од вид целта пред нас.
Ако се сака да постигне нешто добро во државата, нека се почне со вистинското нормално. Со нова визија и нова верзија. Потребно е странско звучно име по економијата, оти овдешните се ептен уморни од климање со главата. Основно е како да се воспостави систем и да се стекне доверба. Тоа е можно само ако украденото се врати. За тоа има начин, ама е потребна воља. Така се стекнува довербата. Потоа економски да се тргне напред со нова енергија и доверба.
Македонија едно време снабдувала над 30 отсто од југославенскиот пазар со земјоделски производи, а денес купува оти не произведува ниту за себе. Една Холандија која е малце поголема од Македонија извезува земјоделски производи во вредност од над 123 милјарди евра годишно, а Македонија во идеални природни услови, помалку од една милијарда. Врвни експерти кои ги познаваат нашите земјоделски ресурси сметаат дека Македонија со добра организација би можела да извезува повеќе од Холандија. Но… има илјадници „но“ ама ниту едно „да, тука сме“! Ние го трошиме времето во ефтиното, празното и простото! Од „новото нормалност“ направивме уште поголема ненормалност! Треба да престанем со тоа лажното – „сè во свое време“. Потребно е „сè во наше време“.