Јакобсен: Среќен сум со пласманот во финалето

Ракометарите на Данска се изборија за уште едно финале на Европските првенства, откако синоќа во полуфиналето го совладаа Исланд со 31:28. Данскиот тим е на еден чекор до „обединување“ светската, олимписката и европската титула, затоа секој натпревар има посебна тежина за нив.

–  Беше навистина тежок натпревар против еден од најдобрите тимови во светот. Успеавме да одржиме нашата игра, особено во второто полувреме. Игравме смирено во во тој дел од натпреварот што беше важно. На двете страни бевме навистина ефикасни кога имавме шанса. Игравме остро кога имавме два или три гола предност и генерално, многу сум среќен што успеавме да се пласираме во финалето, изјави селекторот на Данска Николај Јакобсен.

Во утрешното финале Данска ќе игра против Германија (почеток 18 часот). Во дуелот од главната фаза во групата Данска ја победи Германија со 31:26.

Back to top button
Close