Раул седнува на клупата на Партизан од следната сезона

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација и тренерот на Вардар со европска титула Шпанецот Раул Гонзалез од следната сезона ќе биде седне на клупата на белградски Партизан. Тој треба да го наследи Ѓорѓе Ќирковиќ во Партизан.
Според пишувањата на српските медиуми Раул се договорил со клубот до 2028 година, до кога има и договор со Ракометниот сојуз на Србија.
Од белгардскиот клуб ја известија јавноста дека актуелниот тренер Ќирковиќ на крајот на сезоната го завршува својот ангажман во редовите на „црно-белите“. Во таборот на клубот очекуваат и оваа сезона да заврши успешно особено што Партизан последните сезони е водечки клуб во српскиот ракомет со Војводина.






