Поранешниот играч на Минесота и Аризона, Рондејл Мур, пронајден мртов

Поранешниот примач на НФЛ, Рондејл Мур, почина на 25-годишна возраст. Неговото тело беше откриено во саботата навечер во Индијана.

Полицијата во Њу Албани, објави дека Мур починал од прострелна рана во главата.

Минесота, каде што Мур играше минатата сезона, изрази сочувство до неговото семејство. Тимот, исто така, ја изрази својата подготвеност да им обезбеди психолошка поддршка на играчите, тренерите и персоналот. Главниот тренер Кевин О’Конел рече дека тимот е шокиран од веста.

Мур беше избран во втората рунда на НФЛ драфтот во 2021 година од Аризона, каде што ги помина своите први три сезони во НФЛ. Во 2024 година, тој доживеа дислокација на десното колено за време на тренинг кампот со Атланта Хокс и не одигра ниту еден натпревар за тимот.

Една година подоцна, тој потпиша со Минесота, но повредата во неговиот прв натпревар пред сезоната го принуди да ја пропушти втората сезона по ред.

Back to top button
Close