Илиевски: Почнуваме со нов селектор – очекуваме добри резултати во иднина

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски се врати во македонската кошарка, како координатор на сите национални репрезентативни селекции. Илиевски има огромно меѓународно искуство, длабокото познавање на репрезентативниот систем и авторитетот што го ужива во кошаркарските кругови.
– Ја прифатив оваа функција да го предадам моето име, моето искуство што сум го стекнал триесет години за Македонија и заедно со оваа екипа да направиме исчекор и систем, во чија иднина очекуваме млади генерации да ги наследат денешните. Се надевам дека долги години по нас ќе оставиме нешто, систем, начин на работа и позитивна средина која ќе ни даде голем број на добри кошаркари. Почнуваме со нов селектор, нова енергија и не очекуваат добри резултати во иднина и секако, нови дечиња, девојчиња, кои ќе ја претставуваат Македонија во најдобро можно светло – изјави Илиевски.
Илиевски искажа благодарност до претседателот на федерацијата Томе Главчев што му ја даде оваа одговорност.






