Внатрешната контрола на МВР истражува полицајци кои постапувале по пријави за покојните Ивана и Катја
Внатрешна контрола на МВР испитува полицијци кои постапувале по пријави против сопругот на Ивана и Катја, Стојанче.

Според ТВ24 полициските службеници кои постапувале во 10-тина пријави за насилство во семејството на Ивана Јовановска која загина по пад од балкон со нејзината шестгодишна ќерка, ги истражува и внатрешната контрола на МВР.
Според неофицијалните информации на TВ 24 меѓу пријавите има за насилство, за кавги и викотниици, за закани за нарушување на ред и мир.
Дел од нив се по пријава од сега почината Ивана а дел се од соседите.
,,Материјалите по кои постапува внатрешната контрола на МВР се веќе обезбедени, од утре ќе следуваат и разговори со полициските службеници кои постапувале по секоја пријава што се однесувала за семејството Јовановски”, вели за ТВ 24 извор од истрагата.
Од Обвинителството за организиран криминал и корупција кои се надлежни за евентуална кривична одговорност за полицајците само потврдуваат дека се издадени конкретни насоки за спроведување на проверки и прибирање на сите релевантни информации и докази.
Се уште се чека извештајот на внатрешната контрола на МВР.
Од ОЈО ГООК велат дека по доставување на известување од Секторот за внатрешна контрола, обвинителството ќе изврши сеопфатна оценка на сите прибрани сознанија и без одлагање ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука за понатамошно постапување.
Од обвинителството пак кои што вчера отворија истрага, за ТВ 24 само повторуваат дека истражните дејствија продолжуваат. Стојанче Јовановски кој седум години ја малтретирал неговата сопруга, два пати на денот на трагедијата ја претепал за што има и видео снимка, вчера доби уште 8 дена притвор .






