Откажани железничките линии за Битола, вчеравечер возот се запалил на пат кон Куманово
Од Железници на Северна Македонија АД – Скопје за „Слободен печат“ информираат дека вчеравечер избувнал пожар во возот број 641 кој сообраќал кон Куманово, а потоа требало да тргне кон Битола, поради што утринава и во текот на денот е откажана регуларната линија Скопје-Битола.

Според распоредот, за Битола се предвидени три линии на ден, една рано наутро во 07:06 часот, која утринава не сообраќала, а поради пожарот и отсуството на алтернативно решение, откажани се и денешните линии во 14:30 и 20:05.
Неофицијално, Македонски железници располага со уште еден воз кој би можел да влезе во „игра“ како алтернативно решение, но тој е расипан и нема стручни лица-мајстори кои би можеле да го вратат на железниците






