„Две страници читање и толку, ниту едно дете не беше спомнато по име“, родителите на жртвите од „Пулс“ разочарани од комеморацијата
По комеморативната седница на Собранието за трагедијата во „Пулс“, родителите на загинатите изразија разочарување од институциите кои, како што велат тие, не ги спомнале ни со име нивните деца кои загинаа.

Нашите очекувања, надевајќи се кога ќе дојдеме овде дека ќе ни дадат почит и спрема нашите деца, се падна во вода. Комеморацијата за нашите деца, со 63 жртви за една држава, со две страници читање, и ајде чао, пријатно, толку беше. Ова не го очекувавме. Уште една голема рана за нас родителите. Големо разочарување“, рече Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова.
Очекувавме за секое дете да има барем по две минути да одвојат со текст, што мислевме дека им е даден од институциите. Но за жал ниту едно дете не беше удостоено, спомнато, со име преземе, само кратки зборови и правдање за собранието и одморот што си го земаа после трагедијата. Една година чекавме државата да се одважи и да организира комеморација за нашите деца. Тоа требаше да се случи многу порано. Каква е таква, сепак на завидувачки минимално од организаторите, се деси. Овој чин е многу задоцнет, но важен бидејќи покажува трагедијата во „Пулс“ не е само семена болка, толку институционална одговорност. Затоа очекуваме институциите што поскоро да ја преземат својата одговорност и конечно да има вистинска правда, како што кажа и претседателот Гаши. Да се надеваме барем правда за децата и дека институцијата ќе си ја признаат одговорноста и да се надеваме само на тој чекор, на друг, како што гледам, немаме никаква надеж. Ова беше последна надеж и ја изгубивме за жал. Ние родителите ќе си патиме, ќе вистинска правда, на крајот се надеваме дека ќе ја добиеме. И комеморацијата беше изнудена“, вели Александар Наунов објави Скопје1.мк






