СКРМ: Разрешувањето на директорот на Театар Гостивар е реваншизам на министерот Љутков
Синдикатот на културата реагира по разрешувањето на директорот на Националната установа Театар Гостивар, обвинувајќи за реваншизам од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Од СКРМ велат дека разрешувањето доаѓа откако во оваа институција биле донесени правосилни судски пресуди во корист на вработените во културата и нагласуваат дека судските одлуки мора да се почитуваат.

„Правосилните судски пресуди во корист на СКРМ и вработените во културата беа донесени во Националната установа Театар Гостивар.
И токму таму, вчера, по брза постапка беше разрешен директорот
Сега основано се поставува прашањето
Дали секој што ќе постапи спротивно на желбите на министерот, ќе биде санкциониран
Правосилните судски пресуди мора да се почитуваат. Платите на вработените во Театар Гостивар мора да бидат исплатувани согласно судската одлука без разлика дали тоа му се допаѓа на министерот или неМинистерот претходно разрешуваше Управни одбори, кога носеа Одлуки спротивни на неговите желби, за потоа новите членови на Управните одбори донесат одлуки по негова желба. Сега еве почна да разрешува и директори, небаре тие се виновни што судот донел правосилна пресуда и размислуваат малку поинаку од него.
Кога ја имаш власта се можеш да направиш, но едно нешто не можеш , а тоа е да ја сокриеш вистината!Вистината, како што велеше еден поранешен премиер, е како шило, колку и да се обидувате да ја притиснете, на крајот секогаш излегува на виделина.
А правосилните судски пресуди не можат ниту да се укинат, ниту да се поништат, ниту да се запалат.
По нив мора да се постапува, министре.
И тука не се декларира никаква политика како што велите,туку судска одлука министре!“, велат од Синдикатот на културата.
Како што тврдат од таму, министерот претходно разрешувал Управни одбори, кога носеле Одлуки спротивни на неговите желби, за потоа новите членови на Управните одбори да донесат одлуки по негова желба.
Инаку, претставници на Синдикатот на културата пред два дена соопштија дека поднеле кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, за „злоупотреба на службената положба и овластување, како и повреда на правата од работен однос“.
„Министерот Љутков направи нешто што во правна држава не смееше да се направи. Со насоки пратени по мејл и упатство што сам го изготви и сам го потпиша, се обиде да ги поткопа правата на вработените во културата и да ги девалвира колективните договори“, обвинија од таму на прес-конференција.






