Откако дизелот се покачи за 14,5 денари, Мицкоски најави поевтинување за 2,5 денари
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани најави дека ќе има намалување на цените на нафтените деривати за повеќе од 2 денари. Според премиерот, заедно со Министерството за енергетика и минерални суровини работеле со снабдувачот ОКТА, која на компаниите што соработуваат со нив ќе им даде попуст од отприлика 45-50 долари по тон. Како што вели Мицкоски, тоа ќе значи намалување по 2 денари за литар.

-Разговарав и со голем дел од сопствениците на бензинските пумпи кои што рекоа дека тоа ќе го пренесат на крајните корисници. Така што, бидејќи РКЕ ја одредува највисоката цена, очекувам откако ова ќе биде објавено, во текот на денот да се намалат нафтените деривати за 2,5 денари. Во средства, тоа значи дека литар дизел ќе биде едно евро и 35 центи, рече Мицкоски.
Мицкоски исто така информира дека минатиот понеделник бил забележан највисок пик на дотур на нафта и нафтени деривати во Македонија. Според него, бројката изнесувала 2 милиони литри






