(ВИДЕО+ ГАЛЕРИЈА) Трендафилов: Не ви се плашиме, не ви се молиме, дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак

Во голем број работниците од сите краишта на земјата денеска се одзваа на повикот на Сојузот на синдикатите на Македонија и го започнаа протестниот марш.
Screenshot
Screenshot
Screenshot
Screenshot

Започна пред седиштето на ССМ, каде што се обрати претседателот Слободан Трендафилов, кој им посака добар ден за работниците и работничките, но не е и на оние што се против зголемување на работничките плати.

„И покрај сите закани и пторив сите притисоци што се обидуваа во изминатите денови да ги направат, огромен број од вас се охрабрија и покажаа дека не се плашат и покажаа дека ќе се бориме и нема да се молиме“, порача Трендафилов.

На 28 јануари ја започнавме синдикалната борба на улица, рече тој, и нема да застанеме додека не се зголемат работничките плати. 600 евра минималната плата и за најмалку 6000 денари за сите работници

„Денеска огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закануваа со губење на нивните работни места, со распоредување и со закани за намалување на нивната плата. Но, без оглед на тоа не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак. Покажавме дека и 21 човек вршат работа да прават нервоза кај избраните и именуваните, како и кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денеска им покажуваме дека можеме и највеќе“, истакна претседателот на ССМ.

Тој нагласи дека без работници нема држава, без работници нема ниту власт и ги покани присутните да го започнат протестниот марш кој продолжи пред Собранието, пред газдите, пред стопанската комора и ќе заврши пред владата.

Извор: racin.mk

Back to top button
Close