Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело

Според неофицијални информации, во Зрновци е регистриран грозоморен настан, во кој наводно е силувано и убиено женско лице. Во моментот на местото на настанот се службени лица од Полициска станица Кочани кои ги вршат првичните истражни дејствија.
Неофицијално било пронајдено обезглавено тело но до овој момент нема потврда на овие информации пишува прес 24 мк
Истите информации неофицијално ги објави и радио кочани мк.
Ниту МВР ниту Обвинителството засега не го потврдуваат овој случај.
Извор: press24.mk






