Ракометарите на Охрид мотивирани за дуелот со Олимпијакос
Ракометарите на ГРК Охрид ги привршуваат подготовките за гостувањето претстојниот викенд во Атина каде ќе го играат првиот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп против домаќинот Олимпијакос.
Хрватскиот интернационалец во редовите на ГРК Охрид, Анте Иванковиќ, во изјава за клупскиот сајт посочи денеска дека македонскиот тим го очекува тежок натпревар против квалитетен противник.
„Нè очекува тежок натпревар против Олимпијакос во Атина. Олимпијакос има многу добар тим, со големи имиња во својот состав. Имавме десетина дена да се подготвиме за овој натпревар, направивме многу добра анализа и тактика, и сигурен сум дека секој од нас ќе биде мотивиран и подготвен за дуелот кој ќе ни открие многу за реваншот во „Билјанини извори“, изјави Иванковиќ.
Првиот натпревар е закажан в сабота со почеток во 16 часот по македонско време, а реваншот ќе се игра на 4 април во Охрид со почеток во 18 часот.
Двата клупа во координација со ЕХФ донесеа одлука натпреварите во Атина и Охрид да се играат без присуство на гостински навивачи.






