СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОКГ Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

Со последната изјава на Христијан Мицкоски дека „поготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, според СДСМ, признал дека ја турка Македонија во изолација и спречува членство во Европската Унија.

Од партијата истакнуваат дека ваквиот став значи со децении загарантирана сиромаштија, зголемено иселување на младите, како и неконтролиран криминал и корупција на штета на граѓаните.

„Мицкоски, со часовници вредни 60.000 евра, бизнис мрежа и тендер коалиција што врти милиони, им вели на граѓаните дека ќе чекаат децении. Но, народот и работниците, со ниски плати и високи цени, ќе бидат принудени да бараат спас надвор од земјата“, велат од СДСМ.

Партијата додава дека целта на Мицкоски е личен и партиски криминал, додека националните интереси и граѓаните се доведени на колена. Според СДСМ, ветувањата за враќање на името и подобра преговарачка рамка се излажани, а Македонија сега се соочува со сериозни последици од неговата политика.

Извор: skopje1.mk 

Back to top button
Close