ФОТО: Стојанче Јовановски се смешкаше во судница додека обвинителката читаше како ја малтретирал Ивана, а потоа почна да плаче
Стојанче Јовановски денеска седна на обвинителна клупа во скопскиот Кривичен суд.

Тој се товари дека ја навел на самоубиство својата сопруга Ивана, која се обидувала да се разведе од него, а чиј живот оконча заедно со животот на шестгодишната ќерка Катја, со пад од тераса во скопската населба Тафталиџе на 2 март годинава. Судијата кој го води предметот е Ивица Стефановски.
Јовановски рече дека не разбира зошто е обвинет за „наведување на самоубиство“, а за првите две дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“ разбира зошто е обвинет и ги признава. Судијата уште еднаш му го прочита диспозитивот на обвинението за „наведување на самоубиство“, по што Јовановски разбра зошто е обвинет, но тоа кривично дело не го призна.
…
Фото: Скопје1






