Сведочи мајката на Ивана: „За насилството дознавав од внуката, “Бабо јас ќе ти кажам, мама чучна долу и тато ја шутираше”

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска опишувајќи ги односите меѓу нејзината ќерка и обвинетиот Стојанче Јовановски од почетокот на нивниот брак до критичниот ден, опиша дека Ивана имала знаци на насилство на телото, модрици, а од внуката Катја дознавала за неговиот лош однос кон ќерка си. Таа рече дека на почетокот двајцата живееле под кирија, а таа како мајка им помагала. Стојанче работел како доставувач на храна, а Ивана работела во „Масимо Дути“. Според мајката, Ивана секогаш се плашела Стојанче да не ѝ ја земе ќерката Катја, затоа што таа работела во приватниот сектор, а Стојанче благодарение на мајката на Ивана – се вработил во пожарна.

Од шестгодишната Катја, Стојановска тврдеше дека дознавала како Стојанче се однесува дома.

-Катја ги користеше зборовите „к…о“, „ку……“, „др..о“. Затоа што Стојанче ги користел кон Ивана. Ми кажуваше Катја, „бабо, јас ќе ти кажам, ама да не кажуваш на никого, мама чучна долу и тато ја шутираше“, сведошече мајката на Ивана.

Околу новогодишните празници кога мајката на Ивана спакувала благи работи и салата, за ќерката и внуката, Стојанче ги фрлил во контејнер и хистерично викал пред зградата.

Повеќе

Back to top button
Close