МПЦ-ОА се оградува од Христијанско братство – Убиството е грев и секој што убива има одговорност пред граѓанскиот и Божјиот суд
Македонската православна црква – Охридска архиепископија тврди дека ова „Братство“ не е организирано од институциите на МПЦ-ОА.

-Убиството е грев и секој што убива има одговорност како пред граѓанскиот така и пред Божјиот суд – вели за „Слободен печат“ Владиката Климент, портпарол на МПЦ-ОА.
Во февруари 2022 година има објавено видео како со други членови на организацијата дава заклетва пред владиката Агатангел.
Грозданоски, кој според истражните органи го убил Митрески по кавга меѓу нив, откако Митрески сакал да го раскине договорот за доживотна издршка кој го склучиле кај нотар во 2025 година, за што осомничениот требало да наследи голем имот во Охрид.
„Слободен печат“ испрати прашања до АНБ дали „Христијанското братство“ било предмет на интерес на Агенцијата за национална безбедност, но нема прецизен одговор на ова прашање, а АНБ смета дека овој случај има криминална позадина.
АНБ: Случајот има криминална позадина
-Согласно законот, Агенцијата за национална безбедност е надлежна за заштита на безбедноста на државата во целост и на нејзините витални функции и во таа насока собира податоци и информации за поединци, групи и организации кои со своето делување манифестираат радикални и екстремни активности и со насилни средства имаат за цел да предизвикаат поголеми противзаконски општествени раздвижувања. Досегашните јавно достапни сознанија за конкретниот случај упатуваат на криминална позадина и истиот е во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Агенцијата за национална безбедност и понатаму останува отворена за соработка со надлежните органи, а во насока на навремена размена на информации – велат од АНБ за „Слободен печат“.
Во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи, против Грозданоски има само една кривична пријава и тоа таа за заканите што му ги упати на поранешниот премиер Зоран Заев, а против убиениот имало пријава само за сообраќаен прекршок од 2014 година.
– Според официјалните податоци и евиденциите на СВР Тетово, досега против лицето Ж.Г. е евидентирано само едно кривично дело „загрозување на сигурноста преку компјутерски систем“. Освен овој конкретен случај, за лицето не постојат записи за други претходни санкции или кривични постапки со правосилен исход. Ве известуваме дека против лицето К.М.(76) од Охрид поднесена е една кривична пријава од ОВР-Неготино за КД „Загрозување на безбедноста во сообраќајот“ согласно чл.297 ст.1 од КЗ на 11.06.2014 година. Други кривични пријави против лицето не се поднесени – велат од МВР за „Слободен печат“.
Грозданоски заврши во притвор, додека неговиот син и претставник на „Христијанското братство“ застанаа во негова одбрана.
Грозданоски на заедничка слика со Палевски
Претседателот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев на Фејсбук објави фотографии на кои се гледа како на иста маса седат неправосилно осудениот за убиството на малолетната Вања, Љупчо Палевски – Палчо, кој пак исто така беше претседател на „Десна“ која се претставуваше како патриотска организација.
Тој објави дека „Христијанско братство“ била една од организациите кои се здружиле против промената на името.
-За трагичниот настан последниот збор ќе го каже судот, но како претседател на Единствена Македонија да спомнам дека „Христијанско братство“ беше дел од Националниот блок „Македонија Бојкотира“, во кој, во 2018 се здружија 84 организации – партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство во битката за референдумот и одбрана на името против марионетската влада на Зоран Заев. Седум месеци улиците и плоштадите беа нашиот дом. Како што е познато, за референдумот успеавме, но за спречување на промена на името не успеавме. Борбата за името барем за мене лично и Единствена Македонија продолжува… Нека му е лесна земјата на Климе кој исто така беше соборец во нашата борба! – објави Бачев.
Пред да стане директор на Агенцијата за национална безбедност, таткото на Бојан Христовски и самиот Христовски обвинуваа дека поранешната УБК му го одзела безбедносниот сертификат, затоа што татко му бил дел од протестите против промена на уставното име.






