Ристова: Да не се објавуваат деликатни содржини од судењето за трагичната смрт на Ивана и нејзината ќеркичка!

Поранешната врховна судијка Милка Ристова, реагира дека судењето за трагичниот настан на семејството Јовановски од Скопје, во кое жртви на семејно насилство се мајката Ивана и нејзината ќеркичка Катја, а кои загинаа по пад од балкон, ги надминува дозволените стандарди на медиумска јавност.

-Јавното информирање за текот на судењето, е гарантирано со начелото на јавност на главната расправа.
Процесните закони (пред се ЗКП и ЗПП), кои овозможуваат на граѓаните и медиумите да се следи судењето, поради транспарентност и јакнење на довербата во работата на правосудството, го гарантираат тоа, но и гарантираат и заштита на достоинството странките и другите учесници на постапката.

Текот на судењето по предметот, од трагичниот настан на семејството Јовановски од Скопје, во кое жртви на семејно насилство се мајката Ивана и нејзината ќеркичка Катја, ги надминува дозволените стандарди на медиумска јавност!
Се објавуваат исказите на клучните сведоци во постапката, во кои се изнесени, лични и семејни тајни! Во јавниот простор се изнесени деликатни содржини, па “сe суди” на моралот на родителите и другите сродници. Се стават на увид на јавноста лични тајни! Се чини дека со тоа може и да се загрози и самиот тек на судењето, а особено јавноста да влијае врз пресудувањето!, вели судијката.

Таа додава дека пред суд и пред верски исповедник, се изнесуваат најинтимни тајни, кои мора да се почитуваат.

-Тоа е загарантирано со етичките кодекси.
Затоа ако судскиот совет не наоѓа дека нема услови за исклучување на јавноста, поради заштита на лични тајни, моралот или безбедноста, обврска е на субјектите на јавноста да не објавуваат деликатни содржини, заради заштита на споменот на покојните и достоинството на семејствата, апелира судијката Ристова.

Back to top button
Close