Сведочеше наставничката на Катја: Кога се посомневавме на насилство со девојчето зборуваше психолог

Во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде учела шестгодишната Катја, имале сознание за семејното насилство што се случува во домот на детето, произлегува од денешното сведочење кое што го даде наставничката на Катја. Таа информација на наставничката ѝ ја пренела мајката на Ивана, со загриженост. Училишниот психолог дал насока да се следи ученичката, пренесе СП.

 

-По неколку дена во училницата девојчињата играа игра и забележав дека при играта Катја падна на подот. Ја прашав дали играат некоја игра во смисла на драматизација на приказна. Катја рече дека татко ѝ кога ја удира мајка ѝ таа така паѓа. Веднаш го известив психологот на училиштето и тој разговараше со Катја во нејзината канцеларија. Катја ѝ рекла дека нејзините родители се разделени а таа е со мајката. Потоа психологот ја повика на разговор и Ивана и ја упатила Ивана каде да се обрати во случај на семејно насилство а нам ни рече да внимаваме на Катја, рече наставничката.

Наставничката сведочеше за периодот околу Нова Година и трите месеци до пред критичниот ден втори март 2026. За Стојанче Јовановски рече дека еднаш обвинетиот Стојанче дошол на училиште и барал број од родител на ученик што ја задевал Катја. Број не добил, зашто добил укажување од наставничката дека институционално ќе го решат тоа.

Повеќе

Back to top button
Close