Ќира: Албанците се мнозинство во Струга


Градоначалникот на Струга, Менди Кира, реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со етничката структура на населението во општината, нагласувајќи дека официјалните статистики покажуваат дека мнозинството жители се Албанци.

Во интервју за Alsat, Кира истакна дека Струга е мултиетничка општина во која живеат различни етнички заедници, но според достапните податоци, Албанците го сочинуваат најголемиот дел од населението.

„Ако почнеме да зборуваме за официјалните статистики, познато е дека во општина Струга живеат различни етнички групи. Мнозинството се Албанци, потоа следуваат Македонците и другите“, изјави Кира.

Неговата изјава доаѓа само неколку часа откако премиерот Мицкоски посочи дека Македонците се мнозинство во Струга, во контекст на поширока дискусија за повеќе општини, објави 4news.mk Кира додаде дека не сака да навлегува во дополнителни коментари околу статистиките, бидејќи тие се официјални и јавно достапни. Според него, фактите треба да се темелат на релевантни податоци, а не на политички интерпретации. Оваа размена на ставови повторно ја отвора дебатата за демографската структура на одредени општини во државата, особено во контекст на политичките изјави и нивното влијание врз јавноста

Back to top button
Close