Алијанса за Албанците: Новиот закон за високо образование ги дискриминира Албанците

Кога еден закон не го гарантира јасно албанскиот јазик во универзитетските документи и не гарантира еднакво финансирање, тогаш тоа не е закон за реформи. Тоа е закон за нееднаквост. Овој закон не само што не ги решава проблемите на сегашниот закон, туку создава и нови неправди. Албанските универзитети не се универзитети од втор ред. Албанските студенти не се граѓани од втор ред. Албанскиот јазик не е привилегија. Тоj е право. Не бараме ништо повеќе од еднаквост и правда. Еднаквост во јазикот. Дипломите на албански јазик мора да им бидат загарантирани на студентите на УКИМ, УГД и сите други универзитети, исто како што се загарантирани на унивезитетот во Тетово и на универзитетот „Мајка Тереза“.
рече на денешната прес-конференција Арбен Халили од Алијанса за Албанците.
Од таму побара овој предлог закон да се повлече веднаш, оценувајќи го како институционален грабеж.
Правда при вработувањето. Албанските универзитети продолжуваат да работат со сооднос од речиси 50:50 помеѓу редовниот и скратениот работен кадар. Стотици асистенти и десетици доктори на науки очекуваат вработување од 10, 12 или дури и повеќе години.Еднаквост во финансирањето. Во 2025 година, од 5 милиони евра за проекти, само 2,5% завршиле на албанските универзитети. Ова не е еднаквост. Ова е институционален грабеж. Актуелниот предлог-закон, дури и во неговата најнова верзија од пред два дена, не менува ништо во реалноста на албанските универзитети. Затоа, бараме овој закон веднаш да се повлече, додават од Алијанса за Албанците.
Тие исто апелираат партиите на Албанците на власт и во опозиција, „албанската рака да не стане раката што гласа и ја легализира оваа неправда камуфлирана како закон“.
Во понеделник законот ќе биде затворен и даден во владина постапка. Дотогаш, ресорната министерка Весна Јаневска вели дека секој сериозен приговор ќе биде разгледан и доколку има разумно образложение ќе се направи измена.
Извор: 360stepeni.mk






