„40-ти Марш на ангелите“

„40-ти Марш на ангелите“ се одржа денес, на 4 април 2026 година во 16:05 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани, во организација на здружението „16 март“, формирано од дел од родителите на загинатите.
Четириесетти пат, како што наведоа пред маршот, ќе чекорат заедно „со болка, со љубов и со непоколеблива решеност нашите ангели никогаш да не бидат заборавени“.
Од здружението порачуваат дека ќе продолжат да маршираат сè додека не се добие, како што велат, правдата што ја заслужуваат нивните деца.






