(Видео) Тензии и караница на трибина на министерот Трипуновски и земјоделците: „Кажи дека нема пари, нема душата да ти ја земеме

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски имаше жестока расправија на трибина организирана од Министерството за земјоделие во Битола. Сточарот Борче Бучински, бидејќи според него, треба отворено да им се каже на земјоделците дкеа нема пари за исплата, а не да им се ветува, па да не се исплаќаат.
„Кажи, нема душата да ти ја земеме“, му рече Бучиноски, а од страна некој дофрли „Од СДС не баравте, сега барате“, на што Бучиноски врати „Кој не барал бе од СДС…“ по што настана општи хаос, а дел од присутните се смееја.
Потоа, Тони Петковски – Паша кој е сточар, исто така ги бараше субвенциите по грло-крава.
„Замижав и ја поддржав програмата, затоа што кога бевме во кабинет, ми рече ‘ќе завршиме со исплатата’, го исплати лозјето за да одиш на св. Трифун и повеќе застана“; додаде Петковски, по што дел од присутните се смееја, други аплаудираа.
Министерот Цветан Трипуновски вели дека за два месеци се исплатени 50 милиони евра субвенции кон земјоделците.






