(Видео) Директорот на „Македонски шуми“ потврди: Има вработени што земаат плата, а не одат на работа

Вчерашната трибина на министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски, заедно со директорот на ЈП „Македонски шуми“ Здравко Трајанов и локални функционери во Битола не помина најдобро за претставниците на власта.

Покрај бројните видеа кои беа објавени на социјалните мрежи во кои земјоделците упатија жестоки критики до министерот, до редакцијата на Инфомакс пристигнаа и видеа каде присуртни на трибината го прашуваат директорот на „Македонски шуми“ дали во Битола има вработени кои не одат на работа, а земаат плата и тој одговара потврдно.

Како што можете да видите, на трибината се присутни и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Милевски.

извор Инфомакс
Twitter
Pinterest

 

Back to top button
Close