Турканици во Велес: Бесплатно се делеа 2.000 табли со јајца, полицијата спречуваше стампедо


Околу две илјади табли со јајца беа буквално разграбани за само еден час во Велес за време на хуманитарна акција која предизвика огромен метеж. Поради безредието меѓу граѓаните кои чекаа во редици, мораше да интервенира и полицијата за да воведе ред и да спречи евентуални повреди, објави СДК.мк

Донација од дијаспората, граѓаните земаа и по повеќе табли Хуманитарниот настан е донација од велешани кои живеат и работат во Соединетите Американски Држави, поточно преку компанијата за камионски транспорт „Шилер“. Ова е веќе трета година по ред како компанијата организира бесплатно делење јајца за велигденските празници.

Турканици и полициска интервенција: Огромниот интерес за бесплатните јајца брзо прерасна во хаотична ситуација. Според очевидците, дел од присутните земале и по две-три табли одеднаш, правдајќи се пред останатите дека ги земаат за болни роднини или соседи кои не биле во можност да дојдат.

 

Вредноста на донацијата: Секој граѓанин добиваше табла со јајца чија пазарна вредност во моментов достигнува 300 денари (со оглед на поскапувањето од пред десетина дена кога чинеа 200 денари). Заедно со јајцата, волонтерите делеа и по една ќесичка црвена боја за вапцување.

Според очевидците, дел од присутните земале и по неколку табли одеднаш, правдајќи се пред останатите дека ги земаат за болни роднини или соседи кои не биле во можност да дојдат.

 

 

Back to top button
Close