(Видео): Студенти протестираат за полагање правосуден на албански, дел скандираат „УЧК УЧК“

Започна протестниот марш поради на незадоволството од неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит.

Со албански и американски знамиња, како и со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, студенти протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.

Учесниците носеа и политички пораки, меѓу кои „Охридскиот договор не се преговара повторно“ и „Законот за јазиците е јасен“, а дел од нив упатија и директни пораки до правосудните институции и Уставен суд на Република Македонија.

„Не го допирајте Законот за јазиците!“, беше една од пораките на протестот, проследена со скандирања за одговорност и оставки. објави Скопје1.мк

Учесниците на протестот бараат оставка од министерот за правда Филков.

Протестот започна пред плоштадот „Карпошово востание“, улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда. Сообраќајот од овие улици ќе биде пренасочен, а МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Претставници на студентите пред две години поднеле барање, но тоа било одбиено од надлежното министерство за правда. Оттаму посочуваат дека станува збор за стручен испит, а не управна постапка, а правосудниот испит претставува клучен предуслов за влез во судството, јавното обвинителство, адвокатурата, каде законите предвидуваат услов за активно познавање на македонскиот јазик.

Присутни на протестот беа дел од пратениците од албанскиот опозициски блок кои отворено дадоа поддршка, додека премиерот вчера кажа дека се работи на решавање на проблемот и побара студентите да не бидат инструментализирани од ДУИ.

Поддршка на студентите, но не и на протестите, дадоа чаирскиот градоначалник Изет Меџити кој смета дека Законот за употреба на јазиците е половичен закон и мора да се доработи за да се избегнат вакви ситуации, како и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Народниот правобранител Фатон Сељами соопшти дека е отворен предмет, бидејќи според постоечките закони правосудниот, нотарскиот и испитот за проценител може да се полага само на македонски јазик.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close