Арсовска: Орце по наредба на уплашените Изет и Висар патеките и седиштата на отворено ги пријавил како дивоградба
Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска реагира што градоначалникот Орце Георгиевски ги прогласил патеките и седиштата на отворено, направени од град Скопје во нејзино време, за дивоградби.

Арсовска смета дека овој потег од Георгиевски има цел да ги покрие 150те дивоградби во Чаир која таа ги обзнани во јавност и документацијата дека е направен криминал ја однесе во обвинителството.
-ВИСТИНАТА не може да се сокрие, џабе му се чаирските шеми, сите аудио и документарни докази ќе му излезат баш кога треба, таман да продолжи да се дружи со Ганиу и Меџити – напиша Арсовска на фејсбук.
Во продолжение целиот статус на Арсовска упатен до новиот градоначалник на Скопје:
–
🕺Орце Самка Ѓорѓиевски по наредба од уплашените другарчиња Изет Меџити и Висар Ганиу, патеките и седиштата на отворено, направени од Град Скопје ги пријавил како дивоградби.
Самка брат, ПАТЕКИ и СЕДИШТА!!! Сериозен си?? Во Чаир не одиш да прошеташ?
Барале од Орце, да најде било каква дивоградба во град Скопје, ако треба и да ја измисли. 🤡 КЛОВНОВИ, за тие земни урбани сегменти по ЗАКОН не е потребна градежна дозвола, да требало Град Скопје ќе си ја издал сам на себе. Пресмешни сте.
🛑Само на ОЧАЈНИ луѓе може да им текне да рушат патеки и седишта за кои не треба дозвола, за да ја поклопат темата за АПСЕЊАТА поврзани со ЧАИРСКИТЕ ДИВОГРАДБИ.
🏢🧱Затоа пак за оние 150 НЕБЕЗБЕДНИ ЗГРАДИ НА 12 КАТА кои ги изградивте со црни пари ТРЕБААТ ГРАДЕЖНИ ДОЗВОЛИ, а вие ги немате. Немате ни проект, ни имотни листови, ни сеизмички испитувања за безбедност.
💶Ама затоа пари сте земале од луѓето кои живеат во нив, БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ и БЕЗ ИМОТЕН ЛИСТ!
📑 Доставивме докази во обвинителство за 3200 страни фалсификати, едното обвинителство молчи веројатно ПОТКУПЕНО со дел од испраните милиони, а другото почна со апсења и притвори за чаирските дивоградби.
🤡 Уште на Орце Самка Ѓорѓиевски да му стане јасно дека ВИСТИНАТА не може да се скрие, џабе му се чаирските шеми, сите аудио и документарни докази ќе му излезат баш кога треба, таман да продолжи да се дружи со Ганиу и Меџити – напиша Арсовска.






