Водата во повеќе охридски села не е за употреба – пронајдена и ешерихија коли

Водата од водоводите во повеќе охридски села денеска е привремено забранета за употреба, откако во дел од примероците бил пронајден резидуален хлор, а дел биле контаминирани со ешерихија коли.
„Со решение на Државниот инспекторат за храна, се забранува за пиење водата од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта. По извршените лабараториски анализи, констатирано е отсуство на резидуален хлор, а во Свиништа, Куратица, Речица и Опеница и микробиолошка контаминација, со присуство на ешерихија коли“, велат надлежните.
–
Се задолжуваат месните заедници од овие села да обезбедат безбедна вода за пиење, а дотогаш водата што се користи за пиење да се преврива 30-40 минути.






