СДСМ: Власта призна дека ЕСМ има загуби од над 100 милиони евра само оваа година

Власта го потврди она што го говори СДСМ за катастрофалната состојба на државната ЕСМ. Директорот на оваа компанија, Узунчев, призна дека ЕСМ ја заврши 2025 г. со загуба од 108 милиони евра и лани не е произведена струја согласно планираното. Дополнително компанијата во моментов има вкупен долг од околу 200 милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.

Прашањето е кој ќе одговара за ова

ЕСМ работи со загуби и произведува помалку струја од планираната за да се увезува скапа струја од надвор преку неговата мрежа на фирми во енергетиката.

Бизнис операција осмислена да се вклопи во бизнис мрежата на Мицкоски во која клучна улога има Сања Божиновска и „Руднап“ на Војин Лазаревиќ. Почнувајќи од Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул, преку офшор структурите на Кипар, па се до поврзаноста со „Руднап“.

Сите делчиња од својата мрежа Мицкоски ги има наместено, од производство и увоз на струја, до продажба.

Се случува огромен грабеж на народните пари.

Сега кога граѓаните ќе видат покачена сметка за струја, ова е позадината.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close