(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје
Советници на Левица во Град Скопје се појавија на седницата со маици „бандит“. Ова доаѓа откако на претходната седница, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им рече дека тие се „најголемо бандитско здружување“.

Ѓорѓиевски го кажа ова на реплика од советничката Дарја Мустафуоглу и посочи дека кадри на Левица го уништувале ЈСП и КИЦ.
„Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе десет години“, рече Ѓорѓиевски, посочувајќи им дека нема да ги толерира.
„Колку и да ви сметаат тајмери, на се ќе ви биде одговорено. Вие сте научени некој да ви ќути, вие сте најголемо бандитско здружување“, додаде тој на претходнат седница објави Скопје1.мк
Фото: Скопје1






