Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека патот на државата кон Европската Унија е јасен, но дека актуелната власт свесно го кочи спроведувањето на обврските што треба да ја придвижат земјата напред заради криминални тендери.

„Нашиот пат кон Европа, знаеме кој е. Во рамките на работите што треба да се направат. А, коишто оваа влада не ги прави”, истакна Филипче.

 

 

 

Тој потенцираше дека уставните измени не претставуваат никаква закана за македонскиот јазик и идентитет, туку дека токму блокадата на евроинтеграциите е вистинскиот ризик за државата.

 

 

„Една работа е ставањето на малцинствата во Уставот, а тука не се само Бугарите, туку се и Хрватите и така натаму. Кој што чекор и по нивно кажување, никако не ги загрозува ниту јазикот, ниту идентитетот македонски. Напротив, ако не се направат, ние ризикуваме државата, дали ќе опстане во следните пет или десет години, додаде Филипче. “, рече Филипче.

 

 

Тој додаде дека власта не треба да шири стравови околу уставните измени, туку да покаже храброст за расчистување со минатото и исполнување на преземените обврски.

 

 

„Но, освен тоа, таму стои во рамките на францускиот предлог, дека треба да се отворат досиејата на УДБА и конечно да се расчисти со тоа минато. И да не се плаши власта на ВМРО ДПМНЕ од тоа всушност? Зошто не се отворат овие работи? Зошто не се спроведуваат согласно договореното во рамки на францускиот предлог? Затоа што само така расчистуваме со минатото и оваа држава ќе оди напред”, рече претседателотна СДСМ, Венко Филипче

Back to top button
Close