Нов ценовен шок: Животот во Македонија поскапе за скоро 5 отсто
Инфлацијата во Македонија не стивнува, а најновите податоци на Државниот завод за статистика за март 2026 година покажуваат нов пораст на трошоците на животот. Во споредба со истиот месец минатата година, трошоците се зголемени за високи 4.9 %, додека цените на мало бележат скок од 3.4 %.

Само во текот на изминатиот месец, инфлацијата пораснала за дополнителни 0.7 %, што потврдува дека бранот поскапувања продолжува да го јаде стандардот на граѓаните.
„Најголем удар во март е забележан кај Транспортот, каде трошоците пораснале за дури 3.4 %, како и кај групата Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици со пораст од 3.2 %. Храната и безалкохолните пијалаци исто така не мируваат и бележат нов раст“, велат од ДЗС






